Home Вести Дијаспора „Не се исплати зимница да правам, нема за кој – младите сите...

„Не се исплати зимница да правам, нема за кој – младите сите надвор од земјава одат кој за Германија кој на друго место“

Ниту есенската подготовка на зимница не ја подобрила побарувачката на земјоделски производи на пазарите низ Скопје. Граѓаните велат дека пазарите се полни со преубави и квалитетни зеленчуци и овошја, но, паричниците им се празни, па купуваат само колку да јадат, а не и да подготват зиминца.

Дел од нив велат дека барат поефтини производи за да ги наполнат теглите со зимница, дел пак поради немање пари не прават зимница. Некои од граѓаните пак револтирани потенцираа дека немаштијата им ги избркала децата во странство и сега немаат за кого да подготвуваат туршија, ајвар, пинџур или домашен кечап.

„Понекогаш е скапо, ама одиме на пазар, гледаме и кога е поефтино купуваме. И сега за тоа одам на пазар. Уште не сум напрвила, но поефтино е дома да правиш отколку да купиш готово.“

„Се исплати. Допрва ќе направиме, лутеница, пинџур, кечап ќе направивме.“

„Не се исплати. Мали се пензиите, пари нема. Нема за кого и да правиме зимница, младите сите надвор од земјава одат кој за Германија кој на друго место. Сите заминаа“ , рекоа анкетираните граѓани.

Продавачите од најголемиот пазар во Скопје, Бит Пазар, велат дека од месец во месец се поголеми количини од набавените зеленчуци и овошја наместо во кесите на купувачите завршуваат во ѓубре, оти како што велат, граѓаните се помалку купуваат.

Loading...