Home Естрада Откриено како нашите фолк-пејачи од Македонија печалат во Австралија

Откриено како нашите фолк-пејачи од Македонија печалат во Австралија

Министерството за култура ќе ја поддржи финансиски турнејата во Австралија на етно составот „Синтезис“, откако првично на Конкурсот за проекти од национален интерес во културата за 2019 година беше одбиено нивното барање да добијат средства со кои ќе ги покријат авионските билети.

Во телефонски разговор за „Фокус“, Радослав Шутевски од „Синтезис“ открива дека откако било одбиено нивното барање, тие упатиле приговор, по што министерството им одобрило средства за 11 авионски билети до Австралија и назад. Тој вели дека и покрај тоа што имаат договорено два конецрти, од кои едниот во Сиднеј на 21-ви ноември во култниот Фактори Театар, а другиот на 23-ти ноември во Торнбури театар во Мелбурн, сепак помошта им е потребна.

Околу реакциите дека многу наши фолк-пејачи често гостуваат во Австралија, каде како што тврдат, се еден вид на амбасадори кои ја претставуваат македонската песна, а сепак не побарале средства од Министерството за култура за своите турнеји, од групата се категорични дека се работи за две сосема различни нешта.

-Јас во минатото сум настапувал многу пати во Австралија, знам како одат тие работи. Нашите фолк-пејачи најчесто престојуваат кај свои роднини и пријатели, немаат трошоци за сместување, а добиваат бакшиш за време на настапите во локалите. Многу е полесно кога на турнеја оди една личност, но кога станува збор за состав од 11 лица, нештата се посложени.

И она коешто е доста важно е тоа што ние изведуваме македонска музика, додека повеќето наши фолк музичари во рестораните во Австралија најчесто пејат српски турбо-фолк песни, значи има разлика. Пред некое време се случи да не му биде дозволено на српскиот пејач Аца Лукас да гостува кај нашинците во Австралија, знам дека многу од нив реагираа, упатија протестно писмо до надлежните, со цел да им дојде Лукас. Токму поради тоа, потенцирам дека многу сакаме на нашите настапи да има публика од помладите генерации, да ја слушнат и запознаат нашата македонска музика. Значи, не се работи тука за заработка, туку за нашата љубов за негување на македонскиот мелос – раскажува Шутевски.

Целата сторија проследете ја на Фокус.

Loading...