Home Вести Македонија Скопјанецот Пандо со пронајдок што може да биде спас за цела Македонија

Скопјанецот Пандо со пронајдок што може да биде спас за цела Македонија

Овие штетни ПМ честички наместо да завршат во воздухот и вашите бели дробови завршија во цилиндарот, изум на скопјанецот Пандо Петковски монтиран над печка за затоплување.

Машинскиот инженер испровоциран од се поголемото аерозагадување во земјава заедно со татко му пред 1 година почнале да прават уред кој ги собира не само опасните ПМ честички туку и сите канецерогени материи што излегуваат од оџаците при согорување на цврсти горива.

– Заедно решивме да направиме филтер кој нема да користи течност за неутрализација на штетните материи, односно ќе биде сув. Самиод уред се состои од факач на на ПМ честички и се одбиваат и се таложат во таложник кој потоа може да се исчисти. Уредот има смерник кој ги насочува гасовите добиени од согорувањето во филтер кој е составен од порозна бронза и активен јаглен, изјави Пандо Петковски, машински инженер.

Ваков е чадот без филтер, а ваков кога е монтиран механизмот. И пред нас запалија печка да не уверат во ефикасноста од нивниот пронајдок. Чад имаше само малку додека дрвата беа се уште влажни. Дека иновацијата навистина е полезна и безбедна и за животната средина и за здравјето на луѓето ни презентираше таткото на Пандо.

– Еве дишам слободно. Застанете на други оџаци вака и ќе видите. Ако се отрујам прво јас ќе се отрујам, не народот, изјави Митре Петковски.

За изготвување на механизмот им била потребна многу мала инвестиција која може да си ја дозволи секое семејство. А се користат и помалку дрва за огрев.

– Многу е прост за правење. До аглите е. Секоја материја има свој агол на триење. Придобивките од овој филтер ги фаќа ПМ честичките, диоксините, фуранитеи бојни отрови.

Целата сторија проследете ја на Сител Тв.

Loading...