Home Вести Македонија Латас: Пред некој ден слушам седнале во кафана Асмир, Роштиљ, Сале и...

Латас: Пред некој ден слушам седнале во кафана Асмир, Роштиљ, Сале и уште некој и делеле бизниси

Драган Павловиќ Латас: ,,…Еве, пред некој ден слушам, седнати во кафана од четири попладне до полноќ мака мачеле од Фамилијата со Роштиљ, Сале Пичка и пар други стручни ликови од еснафот како да ги поделат бизнисите а сите да бидат задоволни. На правиот пат до Европа не смее да има поделби, не смее да има мрчење и прашања, Европа е наша религија.

Стручноста на тој пат се подразбира. Како затегнати пушки дома чекаат околу 900 Албанци вработени во државната администрација конечно, после три години, да добијат работни обврски, биро, службен телефон и се што следи и да седнат да ја опраат државава. Вака веќе не оди.

А дека се стручни се знае, затоа и ги плаќа државава три години без да имаат ден работа, затоа што верува во нив и нивните потенцијали. Како што верува дека лекар може да биде министер за култура, а борач да биде заменик директор на финансиска полиција. Важно е да е Албанец, тоа по генетика им дава предност над Македонците кои не знаат ништо додека Албанецот не ги научи. Како што рече Ѕинго еднаш од говорница во Собрание, доволна квалификација е да има кршетница, извод од родени, како доказ дека постои. После, и потоа, се е лесно.

И од тие соображенија сосема го разбирам Заев кога вика дека ние не се согласуваме да добиеме членство во Европската економска заедница, ќе си чекаме членство во Европската унија наредни 15 години, а тоа со економијата не ни е потребно. И така е, во право е човекот. Што би правеле Анѓушев, Вицето, Сале Пичка, Жути, Шилегов, Асмир, Роштиљ и компанија во Европската економска заедница? Да млатат време и губат раат бизниси со некој си таму неписмени од Германија, Холандија или Чешка. Они појма немаат, само ремет праат.

До толку се неписмени европјаниве што никогаш нема да разберат колку е добро за државата што Пуцко Петрол на Асмир Јахоски од Пласница и Супертрејд на Роштиљ од друштвото на Фамилијата до летоска добиле сто тендери за државна нафта, а Макпетрол и Лукоил заедно добиле 65.

Лани Пуцко Петрол сами добиле 300 тендери за продажба на нафта на државата. Треба да имаме нови сили, нови лица, доста веќе со Лукоил и Макпетрол, и веќе преку таквото од нивната стручност и традиција. Така е решено во кафаната, на ручече со новите нафташи кои заедно со нивните десет пумпи се наша нова бизнис елита. Плус, по комотно е да се договориш со нив. Газди со газда лесно се разбира.”

Целата колумна прочитајте ја на vesnik.com

Loading...