Home Живот Македонската пејачка открива: Живеам месечно со 16.000 денари

Македонската пејачка открива: Живеам месечно со 16.000 денари

Нашата пејачка која своевремено беше меѓу најпопуларните на сцена, решила својот живот да му го посвети на внукот кој боледува од аутизам и целосно да се повлече од јавноста.

Маја Оџаклиевска последните 15 години може да се види само на некои емисии каде што не крие да зборува за тоа дека сознанието за болеста на младиот Лука ѝ го срушилo светот. Маја е мајка на две возрасни ќерки, Теа и Андреа, живее скромно, без гламур, а деновите ги поминува со својот внук за кој се грижи и на кој му го посветува своето време.

„Лука е аутистичен, сè уште не зборува и јас целосно му се посветив нему. Не велам дека се занемарив себе, но јас не сум во прв план во ваква ситуација. Тој стана целосно друго дете. Неговата душа очигледно мноу страда. На секој од нас нешто му пречи, а нему можеби му пречи лаењето на кучињата. Тоа е многу индивидуална работа и секое дете со аутизам е свет за себе, секое има некој свој проблем“ – изјавила пејачката за медиумите.

Маја во емисијата “150 минути“ открила дека Лука осум месеци живее само со неа и дека на почетокот тоа не било лесно.

„Првите три месеци беше тешко. Одвојувањето од родителите тој го манифестираше како самоповредување. Тоа е многу типично за аутистичните деца. Како што сфаќаше дека јас сум некој кој безусловно го сака така и тој омекнуваше кон мене“ – изјавила Оџаклиевска.

Кога одлучила да заврши со својата музичка кариера таа го продолжила својот живот со пензија од 16.000 денари месечно затоа што како што вели таа “подобро ќе живее од тие пари отколку да се малтретира за десет пати повеќе пари со чувство на грижа“.

Loading...