Home Живот Религиозна жена постела 10 години: Од нејзината промена никој веќе не можел...

Религиозна жена постела 10 години: Од нејзината промена никој веќе не можел да ја препознае

-После една година сакала да провери дали тоа се резултатите од постот или на нешто друго, па решила во цел на експериментот да го прекине постот.-

Жената која одлучи да остане анонимна, цели десет години се придржувала кон правилата на постот. Ги постела сите постови како што наложувала нејзината религија, вклучително среда и петок.

Претходно никогаш не постела, не била побожна воопшто, но почувствувала дека оди во погрешен правец, повторувајќи ги грешките кои ја влечеле се подлабоко и подлабоко во бездна, па одлучила на ваков начин да се обиде и да се врати на вистинскиот пат. Како што таа вели, никогаш подобро не се чувствувала.

Како прво, здравјето многу и се подобрило, имала подобра дигестија, и се намалило салото околу стомакот, и се зголемила енергијата и имала подобар сон. Помалку се разболувала, немала вообичаени сезонски алергии и алергија на животни, кожата и станала почиста и и’ се намалила потребата за благо. Се чувстувала многу добро, како никогаш дотогаш.

После година дена сакала да провери дали тоа е резултат на постот или на нешто друго, па одлучила да престане со постот.

-наместо да го чекам пладневниот оброк, јадев појадок околу 8 часот, после тренингот во 7:15. “Пиев протеинско смути, јадев овесна каша, туфи и слично, но негативните ефекти ги почувствував веќе после првиот ден.”

Веднаш почувствувала тежина во стомакот, непријатно дуење во стомакот и проблеми со варењето. Неколку дена подоцна се чувствувала тромаво, помалку фокусирано и присутно. Напади на глад ја буделе сред ноќ и многу била гладна кога ќе се разбудела рано наутро.

Два часа после појадок имала потреба пак нешто да грицка и можела да руча веќе во 11 часот.

“Ова траеше две седмици и имав впечаток дека постојано мислам на храна. Не можев да се воздржам и кога не бев гладна – јас јадев! Така се здебелив неколку килограми. Мојата потреба за благо се зголеми, па правев помалку здрави избори кога стануваше збор за моите оброци. Бев постојано уморна, помалку вежбав и не спиев добро. Ништо добро не произлезе од мојот експеримент” – вели таа.

Единствениот заклучок кој таа го извела е дека треба да пости и понатаму. Бидејќи тоа и годи и и дава повеќе енергија која и е потребна за живот. Со постот таа успеала да го среди својот физички изглед, да ја постигне саканата тежина, но го подобрила и своето ментално здравје и таа поради тоа се чувствувала супер.

После овој експеримент одлучила да се врати на постот и на сите пријатели им го препорачува истото. Сега таа вели дека е целосно друга личност и дека сега е многу посреќна и поисполнета, а нејзините пријатели и велат дека не можат да ја препознаат колку позитивно се преобразила…

Loading...