Home Вести Македонија Се јави Павле Богоевски: Потенцираше што никако не смее да се забрани...

Се јави Павле Богоевски: Потенцираше што никако не смее да се забрани за протестите

Поранешниот пратеник од владеачкото мнозинство во Собранието, Павле Богоевски, по повлекувањето на контроверзниот предлог за Законотот за јавни собири од страна на Владата, искоментира дека не само што треба да останат истите прописи во сила, туку и да им се даде уште поголема слобода на оние кои протестираат.

Активистото побара во доработката на законското решение да се вметне можноста да протестираат и помалку од 20 лица на едно собирно место, а исто така, како што вели тој, не треба да им се забранува на тие што изразуваат незадоволство да не смеат да носат маски.

„Предложените Измени и дополнувања на Законот за јавни собири се повлекуваат од собраниска процедура.

Овој Закон треба да претрпи големи измени – но во целосно спротивна насока. Прагот од минимум 20 лица треба да се спушти, просторните ограничувања да се ревидираат и прецизираат и организаторите не смеат да бидат кривично одрговорни за однесувањето на секое лице на протестот – иако може да се бара од нив да ги преземат потребните мерки за обезбедување на ЈРМ, како што е редарска служба.

И не смееме ниту да размислуваме да забраниме учество на лица со маски или облека што спречува или отежнува идентификација“, коментира Богоевски.

Loading...