Home Вести Македонија Сведоштва од прва на поранешни вработени во ОХИС: Откриваат низа работи

Сведоштва од прва на поранешни вработени во ОХИС: Откриваат низа работи

Што носи и какви последици предизвикува работата во хемиска фабрика како ОХИС? Поранешните вработени во фабриката велат дека најзагрозанени биле работниците во погоните кои работеле со најтоксичните материи. Зад камерите посочија дека голем дел од нивните колеги се починати, а честа била и појавата на рак. Сејфула Осман, кој 36 години работел со пестициди вели дека здравстевните проблеми се јавиле откако престанал да работи во фабриката.

-Од излегувањето во пензија веќе почувствував срцеви заболувања, задух, не можам да дишам. Сега, во последно време, веќе една година и повеќе мака имам со простата. Сум работел, сум трчал во погон со отрови од прв степен, и линданот, а и ланатето. Верувајте, сме немале заштитни средства. Сум бил принуден со рака ќесите да ги наполнам и да ги запечатам, вели Осман.

Осман вели дека шест од неговите најблиски колеги починале во изминатите години. Им се правеле систематски прегледи на секои шест месеци,но во последните години биле укинати.

Дел од вработените велат дека предупредувале за можна хаварија, како онаа што се случи во петокот. Велат и дека се сомневаат оти компанијата ЕкоЦентар 97 се обидела да го сокрие случајот.

-Бевме во Министерството за екологија, бевме и во нивниот инспекторат. Им ги кажавме проблемите, прво дека самата фирма сметавме дека не е стручна за вакви нешта, да го дислоцира овој токсичен отпад. Мислиме дека на еден начин сакале да се затаи. Но мислиме дека не може да се затаи нешто што е навистина опасно по здравјето на луѓето, вели Драгослав Цветковски, магационер во ОХИС.

Loading...