Home Вести Дијаспора ,,Само една има вистина, има една Македонија” ечеше во клуб во Австралија...

,,Само една има вистина, има една Македонија” ечеше во клуб во Австралија (ВИДЕО)

Во клубот “Positive” во Мелбурн, Австралија се одржа незаборавна македонска забава заедно со извонредниот Благојче Стојановски Туше, гајдаџијата Влатко Мелбурн и “Соната бенд”.

На големо изненадување, стотици млади луѓе кои потекнуваат од Македонија, во еден глас ги пееја македонските песни, посебно оние наши познати хитови со патриотска тематика. “Ја излези Ѓурѓо”, “Слушам кај шумат шумите” и уште многу други.

Loading...

А интересно е тоа што покрај младите македонци, имало доста голем број на гости од различни нации кои се возхитувале на македонската песна, играле и пееле заедно со нашинците.

Според нашите блиски извори во Австралија, коментарите од гостите кои беа дел од забавата се дека ваква извонредна македонска вечер немало досега и дека истата уште долго ќе се памети.

Оваа македонска вечер е само уште еден доказ дека може да се направи одлична забава со исклучиво македонска музика и македонски песни.

Македонската вечер беше во организација на Џејмс Атанасовски од клубот “Positive” од Мелбурн, а се одржува во рамки на “Melbourne Cup”, трката со коњи која важи за една од најголемите манифестации во Австралија.

We are slamming and we thank you all. What a vibe right now! ❤️🇲🇰

Публикувахте от Club Positive Australia в Понеделник, 4 ноември 2019 г.

Извор: Естрадаплус

Loading...