Home Останато Фудбалери од Хрватска му купија нов автомобил на човекот кој ги тренирал...

Фудбалери од Хрватска му купија нов автомобил на човекот кој ги тренирал како деца

Не се ретки спортистите од Балканските простори кои успеале да направат врвни интернационални кариери. Нивниот успех е дотолку поголем, со оглед на условите за тренинг во кои пораснале, а кои се далеку од високо развиените земји.

Двајца хрватски голмани, Доминик Ливаковиќ од Динамо Загреб и Јосип Чондриќ од Истра, ги освоија симпатиите на јавноста во регионот со својот голем потег – да му купат нов автомобил на тренерот кој работел со нив на почетокот од кариерата.

Жељко Незиќ важи за еден од најдобрите тренери со голмани во цела Хрватска. Тој соработуваше со Ливаковиќ и со Чондриќ во младинските категории на Загреб, а двајцата чувари на мрежата очигледно сметаат дека немало да дотуркаат во кариерата доколку Незиќ не ги навел на вистински пат.

Новиот автомобил е од брендот „Опел Корса“, бидејќи Незиќ имал токму ваков автомобил додека тие настапувале за Загреб.

„Ова е само мал знак на внимание, не можам да ви опишам колку јас и Ливаковиќ сме му благодарни за се што направи за нас. И ден денес ги следи натпреварите, па ни коментира што сме направиле добро, а во што можеме да бидеме уште подобри“ – изјави Чондриќ.

Loading...