Home Вести Дијаспора Нашите во Германија – а Германците бегаат во две за нив омилени...

Нашите во Германија – а Германците бегаат во две за нив омилени држави

Ширум Европа се зголемува бројот на возрасни работници, покажуваат статистиките на Евростат. За пет години, од 2013 до 2018 година пораснал бројот на вработени стари лица во Европа кои се на возраст од 55 до 64 години.

Во 2018 година, стапките на вработеност кај луѓето на оваа возраст беа повеќе од 70 отсто во Шведска, Германија и Данска.

Loading...

„Тоа се општества каде со години имало низок наталитет, а со тоа се довеле одредени земји да немаат доволно млади луѓе за работа, немаат подмладок, и затоа структурата на работници е таква каква што е. Друг момент е дека на дел од нив повеќе им се исплати да го продолжат својот работен век. Но, ние можеме да кажеме дека и во Македонија има луѓе кои наместо да одат во пензија, продолжуваат со работа“, велат од агенција за посредување при вработување во Скопје.

Но, Борче Стојановски, посредник за работа во странство од внатрешноста смета дека ваквата состојба е резултат на работните навики на луѓето во одредени европски земји. Вели дека младите Германци не сакаат да работат било што.

„Во Германија младите не сакаат да работат за плати кои се мали за нивниот стандард, бираат работа, и плата секако. Тие одат во земји како Швајцарија и Луксембург, каде има навистина добри примања или се фокусираат на семејни бизниси“, вели тој.

Loading...