Home Естрада (ВИДЕО) Драган Гоцев проговори за женскиот дел од фамилијата Заеви

(ВИДЕО) Драган Гоцев проговори за женскиот дел од фамилијата Заеви

Драган Гоцев, моментално важи за еден од најперспективните стилисти за шминка и фризура кај нас. Иако доста млад, со напорна работа и труд успеал да направи досега многу во негоавата кариера.

Низ неговите раце поминале многу познати личности од српската, бугарската, но и од домашната естрада, а она што го прави можеби привелигиран, е тоа што Даци е личниот фризер и шминкер на семејството Заеви.

Во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ, тој зборуваше за соработката која ја има со семејството Заеви, односно Александра Заева, Ева Заева и Зорица Заева.

За нив вели дека се обични луѓе, исто како и сите други кои влегуваат во неговиот салон. Додаде и дека немаат некои посебни барања, а за сопругата на премиерот кажа дека не пати од тоа да носи брендирана облека.

Во текот на интервјуто се отвори и темата за тоа како машката популација гледа на него

Што друго кажа погледнете во продолжение: