Home Вести Свет Ситуацијата на Вучиќ била критична – лекарите го спасиле

Ситуацијата на Вучиќ била критична – лекарите го спасиле

Александар Вучиќ, во петокот попладнето е примен на Воеаната медицинска академија во Белград, поради кардиоваскуларни проблеми, а министерот за здравство ЗлаткоЛончар денеска истакна дека лекарите го спасиле животот на претседателот на Србија.

– „Претседателот има хронични проблеми со срцето. Веднаш по приемот е оценето дека животот на Вучиќ е загрозен. Во ВМА ги превземаа сите мерки за санирање на сериозната ситуација, а Вучиќ добро изреагирал на терапијата“, рече Лончар.

Вучиќ пак се заблагодари за грижата и порача дека од понеделник е назад на работните обврски.

– „Им благодарам на докторите и персоналот на ВМА. Им благодарам на сите што се грижеа. Веќе од понеделник ќе бидам во полн работен погон“, напиша тој.