Home Естрада Водителката Нина ,,Ексклузив” покажа како изгледа по дома (ФОТО)

Водителката Нина ,,Ексклузив” покажа како изгледа по дома (ФОТО)

Николина или како што е запишана на социјалните мрежи Нина Ред одредено време не се има појавено пред камери, а како што пишуваше „Слободен печат“, Нина започнала да работи како инструктор по танц.

Меѓутоа, водителката деновиве повторно застана пред камера, но и тоа пред „Инстаграм“ каде се дружеше со нејзините следбеници, а овој пат водителката беше во природно издание и без шминка.

Loading...

„Само да ви кажам дека долг период немам зборувано пред оваа камера, малку ќе ми биде чудно“ најави на почетокот екс водителката.

„Да не ве чуди, јас цело време се смеам сама на себе, тоа ми е најдобрата забава. Инаку да ви кажам дека едно непишено правило за „Инстаграм“ секогаш ми беше дека не треба, не смеам, да се појавам на оваа камера да немам шминка, бидејќи што ќе помислат луѓето за мене“ вели Нина во „кратките приказни“ и додава дека не и е важно тоа дали ќе се појави без шминка.

Нина исто така кажа дека можно е да се врати на ТВ екраните:„Постои, се работи на случајот, гледам тоа да биде некој „leval up“ за мене“ истакна водителката.

Loading...