Home Вести Свет Ако ова се спроведе е дури тогаш ќе навалат наши по БГ...

Ако ова се спроведе е дури тогаш ќе навалат наши по БГ пасоши – познато што ќе бара Борисов од Трамп

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов замина во неколкудневна официјална посета на САД, информира БНТ.

Во Белата куќа на 25 ноември, со неговиот домаќин, американскиот претседател Трамп, ќе разговара за стратешкото партнерство меѓу двете земји, начините за зајакнување на заедничките интереси за безбедност и стабилност во Црноморскиот регион, како и за енергетската диверзификација на Бугарија.

Loading...

Борисов ќе побара повлекување на визите за Бугарите, а договорот за купување на Ф-16 и испорака на американски течен гас, ќе бидат меѓу другите теми.

Ова е прва посета на премиерот Борисов на покана на претседателот Трамп. Во 2012 година, Борисов се состана со Барак Обама во Овалната соба, пишува БНТ. Во делегацијата со Премиерот се Томислав Дончев, Красимир Каракачанов, Владислав Горанов и Емил Караниколов.

Доколку се реализира идејата на Борисов, односно дојде до безвижен режим на Бугарија со САД, е дури тогаш бугарскиот пасош ќе стане уште поатрактивен. Се смета сдека во моментов, преку сто илјади македонци имаат бугарско државјанство.

Loading...