Home Живот Еркан од Скопје на кого лекарска грешка му го промени животот: Не...

Еркан од Скопје на кого лекарска грешка му го промени животот: Не ми се ни излегуваше од дома, ми беше срам

Судбината често си поигрува со животите на луѓето, некогаш толку често, што не тера да се запрашаме со што сме го заслужиле тоа. Сепак додека минува животот сфаќаш дека тој не ти дава повеќе од она што можеш да го издржиш, а токму 28-годишниот Еркан Ќаил е потврда за тоа. Неговата животна патека е тешка, но инспиративна. Поради лекарска грешка станува инвалид на 15 години, но и покрај препреките кои животот постојано му ги сервира Еркан е полн со позитивна енергија која несвесно ја пренесува на луѓето околу себе.

Во моментов, поради повторна игра на судбината (несреќа при пад на лифт) е на рехабилитација во Заводот за физикална и медицинска рехабилитација во Скопје, каде е презадоволен од вработените кои му помагаат што побрзо да се заздрави и да се врати на своите секојдневни обврски.

* Раскажи ја својата животна приказна пред и после средбата со инвалидската количка?Како дозна за дијагнозата?

– Јас кaко и сите други деца се родив право здраво бебе и навреме си проодев, си трчав, си играв фудбал, едноставно се беше во ред. При една здравствена контрола испадна дека резултатите не ми се добри, па помислија дека имам нешто на црниот дроб.

Лежев на инфективно одделение, следеа диети и мирување. Не требаше да се преморувам. Јас тогаш одев, се беше во најдобар ред, се додека после некое време почнав да чувствувам слабост, па да паѓам, немав сила да станам како сите други деца. Плачев за да одам на училиште, многу сакав да учам. Почнав да одам на прсти, но немав рамнотежа, пак често паѓав и тамошните доктори предложија да ме прегледа физијатар. Со мене носев историја од 10 години лекување на црниот дроб, па физијатарот се фати за глава.

Дете лечено од цироза, а тоа има болест на мускулите. По сите испитувања дознавме дека имам болест на мускулите- прогресивна мускулна дистрофија. Наместо цело време да имам терапии и да бидам физички активен, тие ми велеа да мирувам и да не се преморувам. Така до 15 години се движев, па постепено не можев, и на крај морав да седнам во количка. На почетокот беше тешко, но со тек на време се навикнав.

Едно време не ми се ни излегуваше од дома, ми беше срам што ќе речат луѓето, како ќе ме прифатат. Набрзо запознав друштво што секаде ме дружеше, не ме двоеа и така се олабавив. Почнав да излегувам, да се дружам и сфатив дека тоа е што е и морам да продолжам да живеам и да мислам на добро. И така сега сум дури и повеќе активен од некои сосема здрави луѓе.

Целата сторија проследете ја на „Женски магазин“

Loading...