Home Естрада По долго време се огласи Сергеј Варошлија и проговори за Боки 13

По долго време се огласи Сергеј Варошлија и проговори за Боки 13

Емотивен статус на Сергеј Варошлија, еден од ретките кој не му го врти грбот на Боки 13:

,,Поминаа 4, уште малку 5 месеци како слушам и читам гадости и полувистини и омраза… Убавата страна никој не ја гледа … Скоро и да се заборави дека тој, Бојан Јовановски- Боки 13, Боки тредичи.. и со какви се уште надимаци го нарекувате, навредувате, по тој кој што од вашата уста се сее само омраза со најпогрдни зборови.

Loading...

Истиот тој беше невиден визионер, со невиден сенс за медиуми, истиот тој ја направи 1ТВ најгледаната телевизија за само една година, заради тоа што знаеше што народот сака да гледа и истото тоа да го понуди во една различна и иновативна тв форма.

Од студио до сценографија, собирајки ги сите звучни имиња во секоја област како соработници , а да не зборам дека СИТЕ беа и сакаа да се гости во истата таа телевизија ! Никој не зборува дека 1ТВ понуди различна тв форма, уникатна, што постави нови стандарди во медиумите!

Стандарди што тешко кој медиум ќе ги достигне, а камо ли надмине ! Бојан имаше идеја … а идеите се отпорни на се! Идеите го менуваат светот!

За жал од 1ТВ остана само неговата визија, тага, и 100 луѓе без работа … нормално и за тоа на никого да не му е галје … побитни се негативните коментари отколку позитивната страна нели…

А за мене … тука сум не се секирајте.. ке се вратам наскоро со нови високи критериуми и во полн сјај!

П.с многу луѓе – малку луѓе.”

Loading...