Home Живот (ВИДЕО) Мама Лиле додека ги храни двата сина во исто време плаче:...

(ВИДЕО) Мама Лиле додека ги храни двата сина во исто време плаче: Срам да и е

Тажна е судбината на мајката на двата сина со посебни потреби од Велес, Лиле Димитриевска. На кое вчера беше споделено на социјалната мрежа Фејсбук, се гледа како таа ги храни двата сина и во исто време плаче, велејќи, „срам да и е на општината што не ми доделија професионален асистент. Сега ќе биде, утре ќе биде, ги нема. Срам да им е“.

Вели дека тројца уми раат долги години, затоа што нема кој да им помогне.

Loading...

Откако сторијата за Лиле ја објави Телевизија 24 пред извесен период, неа и беше ветен персонален асистент, кој би и помагал во грижата за двата сина, но таа, како што се гледа од видеото, се уште не го добила.

Тажното видео на Фејсбук го сподели Ацо Думовски, пријател на семејството, кој своевремено им помагал.

Тој за Фактор вели дека кога деновиве го посетил семејството, му станало многу жал за маката на оваа мајка со двата неподвижни синови, но и за сите секојдневни проблеми и тешкотии со кои тие се соочуваат, па затоа решил да го сподели видеото преку социјалнта мрежа Фејсбук.

ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?????

Публикувахте от Aco Dumovski в Събота, 23 ноември 2019 г.

Сето ова е во надеж дека институциите конечно ќе се разбудат и ќе му помогнат на семејството, објаснува Думовски.

Loading...