Home Вести Дијаспора (ВИДЕО) „Земјо Македонска” ечеше среде Сиднеј – Македонците во Австралија ги крена...

(ВИДЕО) „Земјо Македонска” ечеше среде Сиднеј – Македонците во Австралија ги крена на нозе

Националниот ансамбл Танец синоќа во Сатерленд Ентертејмент центарот во Сиднеј ја заврши својата Австралиска турнеја со наслов – Танец – Душата на Македонија.

Ансамблот Танец се претстави во најдобро светло и ја воодушеви публиката во поголемите градови низ Австралија.

Loading...

Со изворните игри, златните вокали и музиката на оркестарот и маестро Завков Танец направи концерт кој долго ќе се памети во Австралија и пошироко. Организатор на настанот во Сиднеј беше КУД Илинден од Сиднеј.

BRAVO MAKEDONCI

Публикувахте от Goce Josifovski Guli в Неделя, 24 ноември 2019 г.

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.

Националната установа за народни игри и песни ансамбл “Танец” е официјано формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот …

Loading...