Home Вести Македонија (ФОТО) Македонија со несебична помош: Вечерва кон Албанија тргна голем конвој со...

(ФОТО) Македонија со несебична помош: Вечерва кон Албанија тргна голем конвој со помош

Екипа од 41 лице, од кои 35 припадници на Републичките сили за заштита и спасување специјализирани за спасување од урнатини, двајца водичи со кучиња од МВР за пребарување на теренот и четири лица од Црвениот Крст на РМ се испратени во Албанија заради справување со последниците од силниот земјотрес, кој изутрината ја погоди земјата.

Тимот е координар од Дирекцијата за заштита и спасување, која како што соопшти ги презема сите потребни организациони подготовки за испраќање помош на настраданото население. Освен тимот, ДЗС испрати и 11 возила со специјализирана опрема за спасување и расчистување на теренот.

Тргна конвојот кон АлбанијаТимот на Црвениот крст се приклучува на конвојот од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, МВР и Противпожарната бригада.

Публикувахте от Црвен крст на Република Северна Македонија в Вторник, 26 ноември 2019 г.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски изрази сочуство за жртвите од земјотресот во Албанија.

Црвен крст на Република Северна Македонија и Програмта за подготвеност и одговор при катастрофи се подготвува за…

Публикувахте от Црвен крст на Република Северна Македонија в Вторник, 26 ноември 2019 г.

Тој, како што се наведува во соопштението на Дирекцијата, во текот на целиот ден бил во контакт со сите релевантни институции кои се понудиле за помош.

Во силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија, потврдена е смртта на најмалку 14 лица, од кои најмалку две се деца

Loading...