Home Естрада Миа Костова се пофали дека Наташа Беквалац и пратила срценце (ФОТО)

Миа Костова се пофали дека Наташа Беквалац и пратила срценце (ФОТО)

Според некое непишано правило, секој од нас има двојник некаде низ планетата земја, а нашата ТВ водителка Миа Костова смета дека нејзината копија кога е физичкиот изглед во прашање, е пејачката Наташа Беквалац.

Дека Миа ја сака музиката на новосадската барбика, покажа минатата година кога се снимаше додека пее еден од хитовите на пејачката, а тогаш тоа и се допадна на Наташа и го сподели видеото од Миа на својот Инстаграм.

Сега пак, Миа алудираше на нивната физичка сличност и една своја фотографија ја опиша со зборовите дека некогаш на своите деца ќе им каже дека на таа фотографија е Наташа Беквалац.

Како дополнување, Миа ја означи и српската пејачка која не и остана должна и веднаш и возврати во приватна порака со симбол од срценце.

Миа секако ова не сакаше да остне само како интерен виртуелен разговор, па ова го објави јавно пред своите следбеници. Очигледно и Наташа се согласува со ова, а ласкањето од година во година преминува и во пријателство.

Извор: Вистина

Loading...