Home Вести Свет Почитуван дизел, драго ми е што се познававме – пропаѓаат плацевите низ...

Почитуван дизел, драго ми е што се познававме – пропаѓаат плацевите низ Германија, единствен излез им е Балканот

Во Германија, откако се појави аферата Дизелгејт многумина решават да ги сменат автомобилите и да се префрлат на поеколошки модели, најмногу на бензин и хибридни. За тоа државата им дава добри субвенции. Но, што со оние што ги продаваат дизелите. Тие се уште се надеваат дека истите ќе ги извезат во Источна и Југо источна Европа.

Според последните бројки годишно околу 300.000 дизел возила завршуваат во овој дел од Европа, а секако дел и кај нас. На авто плацевите во Германија се повеќе се трупаат половни дизелски автомобили. Цените постојано паѓаат – трговците пропаѓаат. Но камионите и понатаму возат за Источна и Југоисточна Европа.

Редакцијата на Дојче Веле на Босански јазин направи анализа околу индината на дизелските возила, и дали тие ќе преживеат. Разговараа со обичните луѓе, со продавачите. По избивањето на аферата се помалку луѓе сакаат да возат дизели.

Цените на плацевите се намалени за неколку илјади евра, но и покрај тоа истите тешко се продаваат. Некои дилери веќе банкротираа. На плацевите во Германија има околу 350.000 возила со Еуро 5 норми. На продажба на половно возило во просек се чека по 106 дена, а секој ден минат на авто плац го чини трговецот 28 евра по возило. Затоа и сакаат што побрзо да се ослободат.

Според последните податоци од 2018 година од вкупниот број регистрирани возила во Европа (17,6 милиони) со дизелски мотор се 35,9 отсто, а 56 отсто отпаѓа на бензински мотори. На електрични и оние што може да се полнат отпаѓа 2 отсто. Во ЕУ во моментов има 268 милиони возила што се „тркалаат“ по патиштата.

Loading...