Home Естрада Цеца проговори за внучето, важна и е само една работа

Цеца проговори за внучето, важна и е само една работа

Цеца стана свекрва, а наскоро, како што се чини, ќе стане баба.

Најголемата фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ дознала дека нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана ќе добијат син.

За домашните медиуми изјавила дека за неа е сеедно каков пол ќе биде детето.

Апсолутно ми е сеедно кој пол е детето, само да е живо и здраво!” – изјавила таа.

Вељко веќе има соопштено дека тој и Богдана синот ќе го крстат Жељко.

Да се потсетиме, Цеца во неделата стана свекрва, односно го ожени својот син Вељко, а на оваа свадба на деценијата присуствуваа повеќе од 500 поканети гости, меѓу кои имаше бројни пријатели, фамилија и јавни личности.

За свадбата многу се говореше и пишуваше уште пред нејзиниот настан.

Венчавката помина како спектакуларен настан, за кој се интересираа сите медиуми и народи од бившите Ју простори.

Loading...