Home Вести Македонија ВЕЧЕР: Катица Јанева деновиве најверојатно ќе се врати во Шутка

ВЕЧЕР: Катица Јанева деновиве најверојатно ќе се врати во Шутка

Катица Јанева, наредните денови, може да очекува враќање во затворот во Шутка. Имено, таа би можела да добие ново обвинение за злоупотреба на службената положба, овојпат во врска со став 5, а тоа е веќе корупција на државни пари за што е запретена и поголема казна од најмалку 5 години затвор.

За ова дело може да се очекува и проширување на истрагата за други обвинители кои по службена должност биле соработници на шефицата Катица Јанева и кои знаеле, или морале да знаат, дека со ваквата поделба на големи пари меѓу себе се врши кривично дело на штета на буџетот.

Шефицата за дела од организиран криминал при Јавното обвинителоство, Вилма Рускоска, очигледно има намера да ги истурка криминалите во СЈО ако не до самиот крај, тогаш што е можно подлабоко од досегашните, првични докази, пренесува Вечер.

Нејзината изјава дека се обидуваат да и го урнат и изграат трудот откако, очигледно со поддршка од врвот на власта, притворената Катица Јанева од Шутка беше ослободена и однесена во домашен притвор нема да заврши на емотивно празнење со СМС пораки, туку на подлабоко навлегување во очигледниот финансиски криминал во СЈО во кој сосема е сигурно не е вклучена само Катица Јанева, туку и нејзини колеги и колешки кои така благопријатно добивале по 150-200.000 евра над платата за “чување на тајните од работењето на СЈО“ иако знаеле дека тоа се незаконски стекнати пари.

Вилма Рускоска во СЈО влезе со двајца финансиски истражители и тоа не со налог од Судот со кој е во конфликт поради пуштањето на Катица Јанева од Шутка, туку со барање од Јавното обвинителство. И самото тоа говори дека постои сомневање за корупцијата во судството за потреби на извршната власт, во случајов видено преку неочекуваното и непоткрепено ослободување на Катица Јанев од Шутка која е потенцијална опасност со свои искази, докази и преписки да нанесе проблеми на врвот на владата која со години соработувала со неа за политички потреби.

ВЕЧЕР дознава дека во СЈО не се само финансиски истражители, туку и најспособните од одделот за компјутерски криминал кои истражуваат компјуетри и севкупна комуникација на обвинителите од СЈО која досега беше недостапна за ЈО.

Целиот текст прочитајте го на Курир

Loading...