Home Вести Дијаспора Живеам во Америка и богат сум, ама ти имаш лоша душа брате,...

Живеам во Америка и богат сум, ама ти имаш лоша душа брате, не ти оставам ништо

Одамна сум дојден овде во Америка, ама никогаш не си ги заборавив корените. Си ја сакам Македонија, таа ми е во душата. Во Македонија се родив, пораснав и се школував и знам дека моите последни денови, ако Бог даде, ќе ги поминам во мојата татковина.

Родителите и брат ми останаа, но јас редовно им праќав пари. Речиси секоја година доаѓав да ги посетам, а им помогнав и околу изградбата на куќата.

Не сакам да звучи како фалење, ама овде отворив компанија за водовод и електрика, добро работам и добро заработувам. За македонски услови сум многу богат, а богами и тука во Америка добро живеам.

Затоа, кога починаа старите, Бог да ги прости, сакав сè да му оставам на брат ми. Многу ме изненади татко ми, зошто до последно тврдеше дека брат ми е “растури-куќа”, дека е лош човек и дека никогаш од него нема да биде домаќин.

Веројатно затоа, речиси целото наследство, сите ниви и лозја мене ми ги препиша.

Кога дознав за ова, си реков, што ќе ми се мене, јас не живеам таму, требало на брат ми да му остават и веднаш му се јавив на адвокатот за да ги спреми документите. Сакав сè да му подарам, еден Бог ми е сведок.

Не знам што ме натера, во последен момент се предомислив и се решив да го ставам брат ми на тест.

Го замолив да ми најде купувач за земјата, а за услугата ќе му дадам процент. Рече “таман работа, од брат ми ли ќе земам пари”.

Веднаш се обиде да ме измами. Ми најде многу брзо купувач, но за половина од сумата колку што вистински вреди плацот.

Купив карта и дојдов ненајавено во Македонија. Многу се разочарав кога ја видов мојата куќа запуштена и обрасната со тревишта, а секој месец уредно му праќав по 100 долари за одржување на дворот.

Се изнервирав и отидов кај соседот кој со радост се сложи за тие пари да ми ја одржува куќата и да ги поткаструва дрвцата.

Одлучив да не продавам ништо, ни куќа, ни ниви, ниту лозја. Ниту тебе брате нешто ќе ти оставам. Тато навистина бил во право, ти си лош човек и без душа…

Loading...