Home Вести Македонија Побарувачката нема крај: Во Македонија за три месеци се поделени брзи пари...

Побарувачката нема крај: Во Македонија за три месеци се поделени брзи пари во сума од 46 милиони евра

Дури 46 милиони евра брзи кредити се поделени за три месеци од годинава што е за 58% повеќе од лани и 170% за две години, анализира специјализираниот портал Индекс 7.

Во денари , во последните три години пласманот на овие кредити бил следниот. 2017 -та 1,3, 2018 2,4 и 2019 3,2 милијарди денари или околу 53 милиони евра.

Популарнста на брзите кредити ја потврдува и анонимен вработен во една од финансиските куќи кои се занимаваат со овој бизнис.

„Побарувачката е во нагорна линија речиси секојдневно. Брзи пари бараат и вработени и невработени, но просто е неверојатно со колкава леснотија луѓето се одлучуваат за овие кредити од една , но и за колкави мали суми, од друга страна. На пример, се бараат кредити од 2.000 или 3 000 денари. Интерсно е и тоа што начи чести муштерии се и граѓани со стабилни и релативно високи плати.“

Дека бизнисот со брзите кредити е во фаза на цветање потврдува и фактот што од само три на почетокот, сега во овој бизнис има дури 24 вакви друштва.

Најголемата сума на пари пуштени во оптег од едно друштво се 4,3 а најмалиот 100 000 евра.