Home Живот Сега ќе биде, утре ќе биде, ги нема, срам да им е...

Сега ќе биде, утре ќе биде, ги нема, срам да им е – тажната судбина на храбрата мајка Лиле (ВИДЕО)

Тажна е судбината на мајката на двата сина со посебни потреби од Велес, Лиле Димитриевска.

На потресно видео кое вчера беше споделено на социјалната мрежа Фејсбук, се гледа како таа ги храни двата сина и во исто време плаче, велејќи, „срам да и е на општината што не ми доделија професионален асистент. Сега ќе биде, утре ќе биде, ги нема. Срам да им е“.

Вели дека тројца умираат долги години, затоа што нема кој да им помогне.

Откако сторијата за Лиле ја објави Телевизија 24 пред извесен период, неа и беше ветен персонален асистент, кој би и помагал во грижата за двата сина, но таа, како што се гледа од видеото, се уште не го добила.

Тажното видео на Фејсбук го сподели Ацо Думовски, пријател на семејството, кој своевремено им помагал.

Тој за Фактор вели дека кога деновиве го посетил семејството, му станало многу жал за маката на оваа мајка со двата неподвижни синови, но и за сите секојдневни проблеми и тешкотии со кои тие се соочуваат, па затоа решил да го сподели видеото преку социјалнта мрежа Фејсбук. Сето ова е во надеж дека институциите конечно ќе се разбудат и ќе му помогнат на семејството, објаснува Думовски.

Видеото, кое има огромен број споделувања и коментари, следува во продолжение.

А за Телевизија 24 неодамна од општината Велес изјавија дека ќе обезбедат професионален асистент што ќе се грижи за децата, најавувајќи дека очекуваат државата да ги обезбеди средствата за негово плаќање.

Мајката повеќе од 25 години се грижи за своите деца, кои за жал болеста ги приковала за кревет, а нејзиното здравје и возраста, пак, веќе и се проблем за сама да ги постигне сите обврски што се наметнуваат во една ваква специфична ситуација.

ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?????

Публикувахте от Aco Dumovski в Събота, 23 ноември 2019 г.

Извор: Фактор