Home Живот Снешка Георгиевска тешко некој да ја достигне, но сопругата на Пендаровски се...

Снешка Георгиевска тешко некој да ја достигне, но сопругата на Пендаровски се труди (ФОТО)

Сопругата на поранешниот Премиер на Република Македонија, Љубчо Георгиевски, Снежана Георгиевска, остана запаметена во јавноста како досега ненадмината прва дама, во својата елеганција, умешност да избере вистински парчиња облека, стил и однесување.

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на Стево Пендаровски, актуелниот претседател на Македонија, се чини се труди да ги достигне високите стандарди кои Георгиевска ги постави.

Таа се појави во преубаво модно издание на Меѓународната конференција за популација и развој. За оваа пригода носеше елегантен фустан со долги ракави во впечатлива розова боја, а целото издание го подигна со тренди марама која ја носеше околу вратот.

Оваа боја е една од омилените на нашата прва дама и ова не е прв пат како ја носи, а овој пат веселата боја ја „смири“ со едноставен избор на модни додатоци.