Home Естрада Ваква – таква Карлеуша ја воодушеви цела јавност со својот потег

Ваква – таква Карлеуша ја воодушеви цела јавност со својот потег

Познатата српска дива, пејачката Јелена Карлеуша решила целиот свој хонорар од настапот на Нова година 2020 да го донира во добротворни цели, пренесува српски Телеграф.

Како што објави порталот оваа година нејзиниот костим и сценографија нема да чинат повеќе од колку нејзиниот настап, бидејќи овој пат парите ќе ги донира.

-Имам големи планови за тој хонорар, станува збор за едно болно девојче. Тоа е некој мој проект кој го имам за да и помогнам на неа. Таа е од околината на Ниш, а за сега ќе откријам само дека се вика Софија. Таа боледува од сериозна болест, рече Јелена.

Инаку пејачката според медиумите во Србија за Нова Година оваа година договорила настап во висина од 50 илјади евра.

Во моментот Карлеуша е актуелна со разводот од својот сопруг Душко Тошиќ.

Имено фудбалерот дојде до договор за бракоразводна постапка со неговата сопруга Јелена Карлеуша, која би требало судот да ја заврши за околу еден месец.

Веќе подолго време се зборува за односите помеѓу Карлеуша и Тошиќ, но сега разводот е сигурен. Изворот од српски курир е детално упатен во целата ситуација за разводот на Јелена и Душко.

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ често се во центарот на вниманието и може да ги видиме на насловните страници во медиумите.