Home Вести Македонија (ФОТО) Снегот започна да прави проблеми во Македонија: Познато каде

(ФОТО) Снегот започна да прави проблеми во Македонија: Познато каде

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Во Маврово има интензивни врнежи од снег кој не се задржува на коловозот.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Ова стои во последното известување од „Македонијапат“.

Како што пренесува „Канал 5 Тв“, во моментов сообраќајот на Стража е во застој.Врнежите од снег предизвика застој на сообраќајот на Стража, како што можеме да видиме од фотографијата формирана е колона од возила.

Loading...