Home Вести Македонија Од МОН признаваат дека веќе имаат недостиг на наставници по три предмети

Од МОН признаваат дека веќе имаат недостиг на наставници по три предмети

Од МОН признаваат дека во училиштата има недстиг на наставници по математика, физика и хемија, но тоа засега не го загрозува образовниот процес. Причина за недостигот е што професорите по природни науки може да најдат поплатена професија за својата струка. Кој ќе ги учи младите генерации?

Одделни училишта се жалат дека имаат проблем со наоѓање професори по математика физика и хемија.

Од Министерството за образование и наука признаваат дека има недостиг на наставници по природни науки и наведуваат дека причината е што има се помалку ученици кои ги студираат овие предмети.

„Многу години наназад земјата се соочува со недостиг на наставен кадар по математика, хемија, физика…Нема доволен интерес кај младите да ги избираат високо образовните установи кои нудат студиски програми во овие области и поради тоа не се продуцираат доволно кадри кои би требало да ги преземаат позициите на веќе ангажираниот кадар во училиштата кој секако, кога – тогаш заминува во пензија и мора некој да го наследи“.

Ова го велат од МОН од каде што дополнуваат дека се случува да се испразни одредено наставничко место во училиште и потоа да не може да се пополни, бидејќи ниту во Агенцијата за вработување не е пријавено лице со таков тип на образование кое бара работа.

Loading...