Home Вести Македонија Орце Камчев откри колку пари бара од Боки 13 и Катица Јанева

Орце Камчев откри колку пари бара од Боки 13 и Катица Јанева

Пред официјално да започне првото судско рочиште за случајот „Рекет“, во судницата побара збор адвокатот Александар Михајловски, кој се претстави како полномошник на Јордан Камчев.

Тој го информира Судот дека Камчев доставил поднесок со кој се приклучува кон прогонот и бара отштета од Бојан Јовановски и Катица Јанева во висина од еден и пол милион евра.

За ова судијката Васка Николовска-Масевска го упати до обвинителката која, како што рече, ги определува својствата на странките.

На ова обвинителката Русковска одговори дека Камчев не е оштетен, туку дека има статус на сведок.

„За кривичните дела во овој случај не може да има оштетен, туку само сведоци“, објасни Русковска.

Денеска во Кривичниот суд – Скопје започна судењето за случајот „Рекет“ против обвинетите Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Во досегашниот тек на првото рочиште воведни зборови имаше обвинителката Вилма Русковска, по што обвинетите се изјаснија дали чувствуваат вина за она за што се товарат во обвинението.

Loading...