Home Вести Македонија Почна да се отвора – Боки 13 вели дека колку седел по...

Почна да се отвора – Боки 13 вели дека колку седел по кафани со Јанева, толку седел и со Рускоска

Не му е прв пат на обвинителот во овој случај да дава етикети. Срамно е таква реторика да биде користен во еден ваков случај. Пет месеци има јавен линч, изјави Бојан Јовановски на денешното судење за случајот „Рекет“, во кој тој е првообвинет, пишува Слободен Печат.

– Јас бев формално правно прокурист во 1ТВ. Моето име беше сатанизирано. Притворот кој го издржувам ми ја влоши здравствената состојба од операциите во болницата каде што е сопственик сведокот во овој случај Јордан Камчев – рече Јовановски, кој нагласи дека и денеска во воведните зборови на обвинителот имало „тресење од гаќи“.

Јовановски рече дека бедна конструкција на овој предмет било тоа што синот на Јанева работел во 1ТВ.

– Колку сум седел во ресторан со второобвинетата, толку сум седел и со обвинителката – рече Јовановски.

Loading...