Home Естрада Се продадоа популарните ,,Ленонки” на Џон Ленон, кои во 1968 ги заборавил...

Се продадоа популарните ,,Ленонки” на Џон Ленон, кои во 1968 ги заборавил во кола

Очила на Џон Ленон, што легендарниот музичар на „Битлс“ ги заборавил на задното седиште од автомобилот, се продадоа за помалку од 200.000 долари на аукција во Лондон.

Популарните „ленонки“ со светлозелени стакла и рамка во златна боја досега биле во сопственост на Алан Хиринг, кој бил возач на Ринго Стар и Џорџ Харисон.

„Летото 1968 ги собрав Џон и Џорџ со ’мерцедесот’ на Ринго и ги однесов во канцеларија“, стои во изјавата на Хиринг што ја објави „Сотбис“.

„Кога Џон излезе од автомобилот, забележав дека ги заборавил очилата на седиштата. Едно стакло беше подизвадено, а и рачката беше малку разлабавена. Го прашав Џон дали би сакал да му ги поправам, а тој ми рече дека нема потреба, бидејќи му биле само за имиџ“, се присети возачот.

Тој никогаш не ги поправил очилата и во таква состојба беа купени од анонимен купувач за 183.500 евра на онлајн аукција.