Home Живот Животот и болест на дваесет и првиот век

Животот и болест на дваесет и првиот век

Животот е премногу краток за да го живеете во сон, затоа не сонувајте го, туку живејте го својот сон. Тој е филм кој нема реприза. Не учи на тешки но неповторливи лекции, без да жалиме за вчера и со главата горе да го видиме утре кое секогаш доаѓа, а никогаш не пристигнува. Ние кои треба да живееме за момент, а не за моментот.

Нашата секојдневна борба е толку макотрпна што за една минута може да ни го промени целиот живот. Те сместуваат во кревет и тешко се опоравуваш, а најчесто ваквите случаи завршуваат и трагично. И толку боли, од дно на душата, како човекот кој до вчера се смеел толку гласно пред твои очи денес се распаѓа и на ни еден начин не можеш да му помогнеш.

Тој води постојана борба од хемотерапии до секаков вид на снимања и храна која треба да ја внесува во својот организам. И не само ова неговата психолошка состојба е целосно нарушена, имунитетот му е опаднат, и здравите клетки му умираат, крвта му слабее. А знае дека има толку причини за живот, опкружен е со толку добри луѓе кои постојано му даруваат љубов. И од еднаш стивнува, доаѓа ракот.

Болест која го ништи човековието на дваесет и први век, болест против која тешко кој победува. Храбри насмевки, лица полни среќа, души чии што атоми го даваат максимумот.
Рак болест која знае да ги згасне сите ѕвезди под небото на еден човек. Оној кој го мачи до смрт, да работи болен. А има ли мерка за човечката болка?

Само со здрава психолошка состојба и милион насмевки, само со топли прегратки, верба во себе, така ќе ја однесиме неа, некаде далеку од каде што не ќе може да се врати, и нека не доаѓа, не ни е потребна.

Автор: А. M.