Home Естрада Сопругата на Саша Поповиќ: Време е мој Сале да оди во пензија

Сопругата на Саша Поповиќ: Време е мој Сале да оди во пензија

-Мојот Сале 40 години е во светот на естрадата и ред е да оди во пензија. Искрено, не сум за тоа товарот и одговорноста да ја носи на грб, искрено признала Сузана Јовановиќ која токму поради Саша и децата, својата кариера ја ставила на второ место.

„Дојде време да се намали работата и тензијата, помалку да се работи. Најмногу му одговара во Гранд да остане како креативен директор затоа што секогаш имал визија и идеи пред своето време“, рекла Сузана.

Таа открила и дали директорската позиција влијаела на здравјето на Саша.

-Многу се нервираше еден период, но тоа е зад нас. Никаде не тече мед и млеко, секаде има подеми и падови, така што и нам ни одеше супер, па лошо.

Се фативме во тесно со проблемите, но во овие години директорската фотелја не му треба. Се докажа тоа повеќе пати, а јас многу се нервирав, се грижев за неговото здравје, но фала му на Бога, тоа е завршено, изјавила Јовановиќ.