Home Вести Македонија Ана Камчева имаше што да каже: Ја спомна и Лиле Стефанова

Ана Камчева имаше што да каже: Ја спомна и Лиле Стефанова

Сопругата на Јордан Камчев, Ана во Кривичниот суд го започна своето сведочење на рочиштето на „Рекет” во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

Кога мојот сопруг беше изведен кај судија на претходна постапка за случајот Империја во Кривичниот суд се сеќавам на недоличното однесување на специјалната обвинителка Лиле Стефанова која му се обрати на адвокатот Антонио Апостолски и му рече:

“Ништо не ми можеш Тони, моќта е кај мене, само треба да знаеш да ја искористиш”.Го информирав Горан Николовски кој беше директор на УБК.

На првата средба со него му кажав дека сум жртва на рекет и за лицата кои се инволвирани. Тој ме праша зошто немам доверба во институциите. Јас му кажав дека во мое присуство Бојан Јовановски разговараше со многу луѓе од власта меѓу кои и министерот за внатрешни работи, за кој се уверив во нивната блискост, рече Камчева.

Во продолжението на сведочењето сопругата на бизнисменот Јорфдан камчев , Ана истакна:

-Се договоривме со сопругот да ги исплатиме 500-те илјади евра, зашто, видовме, имаме проблем. Парите ги побарав од сметководителката Мими. Таа ги извади од нашите фирми. 350.000 евра беа ставени во несесер. Ги донесе дома мојата свекрва Ратка Камчева. Ги однесовме во станот на Јовановски во Орман.

Беше таму девојчето што работи, Сергеј Варошлија, јас и Милески. Парите му ги дадов на Бојан, тој се шегуваше за несесерот, реагираше и на малите банкноти и виде дека фалат 150.000 евра кои Милевски рече дека ќе ги однесе.Јас не бев присутна во домот кога била исплатата на еден милион евра, но сопругот ми покажа спецификација, а потоа и снимките од видео надзорот, дополно Камчева.