Home Вести Свет Објавена нова снимка од соборениот украински авион

Објавена нова снимка од соборениот украински авион

Се појави ново видео од соборувањето на украинскиот авион кој минатата среда се урна во близината на аеродромот во Техеран.

Патничкиот авион од типот Боинг 737 се сруши веднаш по полетувањето.

Иако првично беше најавено како технички проблем, потоа се откри дека е погоден, најверојатно по грешка од страна на иранските воени сили.