Home Вести Свет Драма на крузер поради Корона вирусот: Дијабетичар сум, а не држат затворени...

Драма на крузер поради Корона вирусот: Дијабетичар сум, а не држат затворени во кабина без храна

Драмата со заробените на крузерот „Дајмонд Принцес“ продолжува – повеќе од 3,700 патници се заробени на бродот кој е ставен во карантин поради Коронавирусот.

Крузерот се вратил назад во Јапонија откако властите од Хонгконг го известиле екипажот дека еден од патниците бил позитивен на тест за Коронавирусот. После бројните испитувања, било утврдено дека на крузерот има 10-тина патници заразени со смртоносниот вирус.

„Се се промени во 6:30 часот наутро кога капетанот на бродот соопшти дека сите патници мораат да останат во своите кабини. Некои во тој момент доручкуваа во салата, а потоа им беше наредено веднаш да се вратат во своите кабини. Ова не било одлука на бродот, туку на јапонските власти.

Не смееме да излеземе надвор, а имам сериозен проблем затоа што сум дијабетичар. Сум немал оброк од 19 часот вчера, а храна се уште не ни е донесена“, изјави загрижениот Британец Дејвид Абел кој е еден од патниците на крузерот.

Тој откри дека никој не им донел ниту кафе, ни чај, додавајќи дека предмалку им донеле две шишиња вода.

„Ако не направат нешто во врска со мојата храна наскоро, ќе паднам во дијабетска кома. Не претерувам, сериозна ситуација е во прашање“, изјави Абел.

Како што соопштија од јапонското Министерство за здравство одредено било тестирање на 273 лица, од кои тестовите биле веќе извршени на 31 лице. Од тие 31, дури 10 биле позитивни на Коронавирусот. Како што соопштија од компанијата која управува со крузерот, сите заразени ќе бидат пренесени во болница.

Како што е наведено, патниците кои се во карантин ќе имаат неограничена употреба на интернет затоа што бродот ќе мора да исплови.

„Бродот ќе мора да исплови, а во Јокохама ќе бидат снабдувани со храна и други намирници“, беше соопштено од компанијата.

Извор: Точка