Home Естрада Фрштат пари и убави жени – Кралот на ноќните свирки сними спот...

Фрштат пари и убави жени – Кралот на ноќните свирки сними спот од ,,МИЛИОН ДОЛАРА”

Кога некој трае дваесет и повеќе години на естрадната сцена, значи дека вреди. За Жаре Бербер не треба да се трошат многу зборови. Доволно е да се каже дека најдобрите забави изминатите години не поминале без него како главна улога. Впрочем, Скопјани, но и цела Македонија тоа го знае.

Деновиве Жаре е повторно актуелен со нова песна и спот, по промоцијата на неговата последна мелодија ,,Понекад”.

💃 NEW HIT 💃🎙️ CIGANKO MALA 🎙️✂️Zare Berber & Bend 18+ ✂️

Публикувахте от Zare Berber & Bend 18+ в Петък, 7 февруари 2020 г.

Галама: Жаре, го видовме спотот и може да се каже дека вакво нешто не е видено кај нас. Сценарио на кое можат да позавидат дури и во соседството. Кажи ни нешто повеќе околу идејата и реализацијата.

Жаре Бербер: Идејата за спотот е моја, ја реализирав вложувајќи многу енергија и сè што е потребно за високо квалитетен спот. Со дечките од бендот одлучивме дека отсега па во иднина сите видеа ќе ги работиме во наша продукција, бидејќи заклучивме дека ова е само еден показател дека човек може сè да направи кога ќе вложи многу љубов и енергија.

Галама: Интересни се ентериерот и гардеробата. Потсетуваат на некои минати времиња…

Жаре Бебер: Ентериерот и гардеробата кои се дел од сцената се изработени за видеото да изгледа дека е снимено некаде во минатиот век, со цел да се прикаже убава и топла атмосфера во која сите уживаме.

Галама: Кажи ни повеќе околу песната. Што е инспирацијата?

Жаре Бербер: Песната е приказна во која се опишува сцена од наша свирка. Жаре и бендот се наоѓаат во кафеана, каде нè служи и забавува девојката која случајно се наоѓа на вистинското место во моментот кога ние сме предадени на добрата песна, доброто вино и прекрасната атмосфера, сè со цел да ја заборавам љубовта на мојот живот, која се опишува во песната и каде ја трошиме целата наша заштеда која се наоѓа во куферот.

Нормално, парите не се оригинални примероци, туку ископирани за оваа потреба со назнака на нив дека се примерок за снимање и после снимањето се соодветно уништени.

Галама: Кои се преубавите девојки во спотот?

Жаре Бербер: Девојките се пријателки мои и на бендот, девојки кои доаѓаат на нашите настапи.

Галама: Кој е автор на песната?

Жаре Бербер: Во овој проект вложивме многу љубов и енергија и комплетно со свој труд го реализиравме видеото. Како автор на песната ќе се потпише Горан Јовановиќ –Топче, а аранжманот е на Боби Василевски, гитаристот од групата Нон стоп, кој се покажа како многу добар и во овој музички стил.

Галама: Напомена дека видеото носи и одредена порака. Објасни за читателите малку повеќе.

Жаре Бебер: Ова е видео со кое сакаме точно да ја прикажеме единствената поента на животот, дека љубовта е единственото нешто што може да ве помести од колосек и да ве натера инспирирани од нејзе да се препуштите на кафеанското боемско уживање.

Добрата чашка и добрата музика сè со цел да ја заборавите љубовта на вашиот живот, која може да остави траг на вас. Ваква ситуација во животот, верувам дека секој од нас барем еднаш почуствувал!

Во продолжение, погледнете го видеото:

Разговорот го водеше Петар П.