Home Вести Свет Мадона вчера сними специјална видео порака со која ги вика принцот Хари...

Мадона вчера сними специјална видео порака со која ги вика принцот Хари и Меган да живеат кај неа

Мадона им понуди на Меган и Хари да се преселат во нејзиниот стан во Њујорк, пренесуваат светските медиуми. Таа ги советувала да не се преселат во Канада, затоа што таму било здодевно.

„Дојдете да живеете во мојот стан во Њујорк, во Централ Парк Вест. Ќе имате најдобар поглед на Менхетен. Станот има балкон и погледот од таму сигурно е многу поубав од оној кој го имате во Бакингемската палата. Има и помалку момци со волнени капи“, кажала Мадона на снимката која ја објавила на социјалните мрежи.

Меган и Хари откако се откажаа од привилегиите кои ги носи кралското семејство, решија да се преселат во Канада. Двојката објасни дека им смета јавниот живот и дека сакаат самостојно да се финансираат.

Тие купиле вила во Ванкувер, која вреди 27,5 милиони и има 640 квадратни метри.