Home Вести Свет На бродот на кој има Корона вирус тројца од патниците се Македонци

На бродот на кој има Корона вирус тројца од патниците се Македонци

Тројца наши државјани се наоѓаат на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија, поради коронавирусот, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Според последните информации добиени од министерството за надворешни работи на Јапонија, потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија. Причина за задржување на бродот е присуството на заразени лица од коронавирусот. Досега се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус“, соопштија од МНР.

Од таму велат дека продолжуваат со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.

Граѓаните на Република Северна Македонија кои се наоѓаат во Јапонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио на дежурниот телефонски број +81 80 4886 0103 или е-маил, [email protected]

Министерот за здравство на Јапонија, Кацунобу Като, денеска рече дека сите 3.700 луѓе кои се во бродот ќе бидат во карантин 14 дена, а заболените ќе бидат пренесени во болници.

Извор: Скопјеинфо