Home Вести Свет Трамп останува претседател на Америка – Сенатот му изгласа доверба

Трамп останува претседател на Америка – Сенатот му изгласа доверба

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, на клучното гласање во Сенатот на САД во рамките на судската постапка за негово отповикување, беше ослободен по двете обвиненија покренати против него.

Со тоа, заврши процедурата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, четврти во американската историја. Како и што се очекуваше, резултат од денешното гласање во Сенатот е ослободување од обвиненијата и по двата предмета на импичментот, злоупотреба на власта и попречување на работата на Конгресот.

На тој начин вината од претседателот е симната и тој продолжува да владее како шеф на државата.

Како што беше планирано, гласањето започна во 16 часот по локално време, и се траеше околу половина час. Интересно е да се напомене дека гласањето беше по редослед, по прашање на писарот во салата, секој сенатор гласно ја соопштуваше својата пресуда. Прво гласаа по првиот предмет а потоа и по вториот..

Од 100 члениот Горен дом на американскиот Конгрес, по првиот предмет 52 сенатори гласаа „не е виновен“, додека 48 гласаа „виновен“. По вториот предмет пак, 53 сенатори одлучија „не е виновен“, додека 47 пресудија „виновен“. Разликата е во тоа што еден републиканец, сенаторот Мит Ромни, по првиот предмет пресуди дека Трамп е виновен. Со тоа, Трамп стана прв претседател во историјата на САД, за кого член од неговата партија пресудил дека е тој е виновен.

Како резултат, многу повеќе републиканци пресудија „ не е виновен“, и бидејќи за ослободување се потребни само една третина од 100 члениот Горен дом на американскиот Конгрес, или 34 гласови, вината од Трамп беше симната.

.Од Белата куќа најавија дека Трамп утре ќе има свое обраќање во врска со импичментот.

Извор: Макпрес