Home Естрада Водителката Милена имаше гостин во студио кој гледачите не го видоа (ФОТО)

Водителката Милена имаше гостин во студио кој гледачите не го видоа (ФОТО)

Шармантната ТВ водителка која од понеделник до петок им посакува добро утро на гледачите на една наша национална телевизија, Милена Антовска, секогаш е добра расположена за пред камерите.

Но, кога ќе се исклучат камерите, Антовска ужива во среќните мигови со својата ќеркичка Лана Марија и со својот сопруг Гордан.

Антовска секој слободен момент го користи за да го помине со семејство.

Така, деновиве Милена имаше специјална посета во студиото на Канал 5, односно нејзината ќерка Лана Марија ја посети мама на работа. Момент кој гледачите немаа можност да го видат.