Home Вести Свет Изјава од патничка во авионот кој излета во Истанбул: Се скрши на...

Изјава од патничка во авионот кој излета во Истанбул: Се скрши на пола баш кај моето седиште

Румејса раскажала како авионот слетал со голема брзина, а после тоа кога удрил на тлото, почувствувала како повторно да полетал.

„Во тој момент веројатно излетавме од пистата. Забележавме дека авионот нагло удри на тлото и почнавме да коментираме дека тоа е веројатно поради временските услови. При првиот удар во земјата не почувствуваме дека е толку драматично.

После излетувањето од пистата авионот удри повторно во земјата и се преполови, дури тогаш ни стана јасно за што се работи“, рекла таа. Додала дека авионот се преполовил во непосредна близина на местото на коешто седела.

„Веднаш до моето седиште, а беше тоа бројот 26. Откако се преполови настана паника. Некои од патниците почнаа да викаат „скокајте, авионот ќе експлодира“. Станав, а потоа му помогнав и на мојот сопруг да излезе од авионот“, истакнала таа.

Додала дека на крајот го напуштиле леталото низ неговиот опаш, кој исто така бил искршен. Нејзиниот сопруг при ударот на авионот ја скршил коската на рамото и колкот.