Home Естрада Анета Молика си ја пофали ќерката, а има и зошто (ФОТО)

Анета Молика си ја пофали ќерката, а има и зошто (ФОТО)

Анета Мицевска или позната како Анета Молика, повеќе од 16 години е во брак со Џими од групата „Молика“, а од бракот заедно ја имаат ќерка Моника.

Моника има талент за пеење, меѓутоа студира стоматологија и тоа сака да биде нејзината идна професија. Меѓутоа, освен талент за пеење изгледа дека ќерката на Анета има талент за готвење и тоа за палачинки.

Имено, Анета во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија како нејзината готви, а во описот на истата напиша:

„Кој си знај, си знај“ и јавно и поласка на својата ќерка дека има талент за готвење.

Дали Моника има талент само за готвење на палачинки, или пак знае да направи уште некој специјалитет, не знаеме, но според приложеното може да претпоставиме дека палачинките биле вкусни.

Инаку, Анета во една прилика исткана дека не е лесно да се биде и професионалец и музичар.

Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва. Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника. За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас.

Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.

Извор: Вистина