Home Живот Поради Корона – младенци одржаа свадба преку видео бим (ВИДЕО)

Поради Корона – младенци одржаа свадба преку видео бим (ВИДЕО)

Сингапурската млада двојка Џозеф Ју и Канг Тинг се вратиле од патување низ Кина неколку дена пред свадбата, па гостите изразија загриженост за можноста да бидат изложени на коронавирусот, јави Би-Би-Си.

Младенците најдоа решение – пријателите и семејството беа во свадбената сала , а тие преку видео-врска од хотелската соба ги поздравуваа гостите.Младоженците, исто така, одржаа поздравни говори и им насздравуваа на гостите преку конференциската врска.

Коронавирусот досега однесе животи на 550 луѓе во Кина и се рашири во околу 20 земји. Во Сингапур има 28 случаи на заразени, што ја вбројува земјата на третото место зад Кина и Јапонија.

На 24 јануари, парот патувал во провинцијата Хунан, која граничи со Хубеи, извор на заразата, за да ја прослават кинеската Нова година во родниот град на невестата Канг Тинг.

Тие се вратиле на 30 јануари, а свадбата беше закажана за 2 февруари во хотел во Сингапур.

Парот веќе направил свадба во Кина и била планирана уште една церемонија за семејството и пријателите на зетот.

Во Азија не е невообичаено да се одржат две церемонии, особено кога младоженецот и невестата се од различни земји.

„Не бевме тажни, но малку разочарани“, рече Ју, додавајќи дека немало друго решение затоа што хотелот не прифатил да се одложи резервацијата за свеченоста.