Home Естрада Северина повторно бремена? Објави фотографија и веднаш почнаа да ја коментираат: Еве...

Северина повторно бремена? Објави фотографија и веднаш почнаа да ја коментираат: Еве како сега изгледа

Пеjачката Северина, сопруга на фудбалерот Игор Којиќ, секојдневно ги воодушевува обожавателите на социјалните мрежи со свои фотографии.

Тоа секако и ја подига популарноста, но како што може да се забележи има доста урнебесни коментари.

Естрадниот уметник Северина Којиќ, снаата на пеjачот Кеба, одамна се стекна со слава и популарност, делумно со своите хитови, но, исто така и со своите скандали.

Оваа пејачка во своите најдобри години ги следи трендовите, па така, таа е сеприсутна на ссоцијалните мрежи на кои ги споделува своите најубави моменти и фотографии со своите обожувачи.

Овојпат таа постави фотографија на Инстаграм, во црн корсет со кој предизвика лавина од коментари:

-Никогаш не заборавај да бидеш жена и да се чувствуваш добро во своја кожа – порачува Северина, објавувајќи ја својата нова фотографија на Инстаграм.

Покрај бројните допаднувања и комплименти, имаше и доста интересни коментари. Мора да признаеме, Северина знае како да го привлече вниманието на својата публика.

Покрај комплиментите и критиките, имаше и неколку коментари кои може да се издвојат како посебни, а на кои Северина не реагираше:

Едниот гласеше вака: “На прв поглед си помислив – Сека Алексиќ?!”

Еден од обожавателите ја праша:”Дали сте повторно бремена?”, на што таа не му даде одговор.