Home Живот Во ресторан јадеме на бел чаршав – но готвачка открива што се...

Во ресторан јадеме на бел чаршав – но готвачка открива што се случува од другата страна на пултот

Романтични вечери во скапи ресторани или студентските појадоци во пекарниците, после овој текст ќе ви огадат, со оглед на тоа што извесна Милена прозборе и ја откри застрашувачка вистина која се случува во кујните на овие објекти.

Имено, Милена и нејзиниот бивш дечко долго време работеле како готвачи, односно пекарници во рестораните по Белград и Панчево, каде наидувале на неверојатни услови во кои се прават специјалитети, пишува 24sata.rs.

Она кажала дека не е необично редовно да водат војна со бубашваби и глувци на места каде се спрема храна и тоа дека газдите на овие објекти пет пари не даваат за хигиенските услови се’ додека добро им оди продажбата.

Милена своето искуство го пренела на студентите од сите белградски универзитети, кои се бунеле за храната од менза, па сакала да им ја доближи состојбата за да знаат зошто е тоа така.

„Внимателно молчев досега, но не можам, морам да искоментирам нешто во врска со оваа критика на сметка на мензата.

Имав задоволство еден период од мојот живот да работам во пекарници, а отприлика во исто време (тоа беше пред 4-5 години) моето бившо момче работеше во неколку ресторани како готвач. Побегнавме од таа индустрија и тој и јас, а еве зошто:

Тие буреци од 100 динари и пици од 120 кои ги купувате во пекарниците главно се произведуваат во простории по кои лазат бубашваби буквално во роеви, а тука и таму протрчува и по некој глушец.

Работев и во пекарница во која почнуваш да правиш сендвичи (оние фини „посни“ и слични сендвичи во целофан кои чинат преку 100 динари) и ако ти влезе муштерија па мораш допола спремните сендвичи да ги оставиш на 5 минути, а кога ќе се вратиш по нив лазат 10-тина бубашваби.

Она што се прави во таква ситуација е со раката да ги разбркаш бубашвабите, да го завршиш сендвичот и фино да го завиткаш во целофан. Секој леб/кифла и т.н. кој ќе падне на под, уредно се враќа на полица.

Оние печурки на пицата никогаш не се мијат пред употреба (а јас се прашував зошто сите девојки кои работат во пекара имаат црни нокти – не, таа нечистотија не може да се испере).

Работев во четири пекарници во Панчево, во три ситуацијата беше ваква, само во една имаше пристојни хигиенски услови. А знаете зошто? Затоа што имаа мало производство, само неколку вреќи со брашно.

Таму каде што има многу брашно има и бубашваби и глувци и дезинсекција и дератизација не помагаат многу. (Секогаш се сеќавам на еден повозрасен пекар од Лесковец кога кога раскажуваше како едно утро затекнал „глушец како оди врз тестото како човек“.

Кога го прашав дали насекаде е така, тој ми одговори: „да, апсолутно, на 100% од местата каде што работев“, а човекот беше пред пензија.

Мислев дека во рестораните е подобро, особено во Белград, но не е. Моето момче работеше во еден ексклузивен ресторан и се сеќавам кога го повикав и кога тој беше целиот растроен и седна да запали цигара бидејќи многу го вознемирил призорот од три стаорци кои одеднаш протрчале низ кујната. (Дотогаш се појавувале индивидуално).

Работел уште во неколку ресторани од кои еден беше со традиција од 30-тина години. Од се срце ме советуваше да не јадам таму, бидејќи намирниците се чуваат на неадекватен начин (излупен компир стои во вода во фрижидер и по два дена, домаќинките знаат како тоа може да изгледа, ништо не смее да се фрли, бидејќи газдата не смее да има трошоци), се служат сувомеснати производи со истечен рок итн.

Значи, мислам дека бев доволно сликовита. Не сум работела во кујна од студенска менза ниту познавам некој кој работел, но тој мојот бившиот беше кратко на замена во кујната “Детска радост“ (градинка) и таму навистина се’ е по пропис.

Е сега, кога вие ќе одите во ресторан и готвачот ќе ви приготви јадење за вас два-тројца, секако дека се’ ќе камуфлира, ќе спакува во порцеланска чинија и ќе ви земе 40 евра (30,20 – не знам колку веќе, долго време не сум јадела во ресторан).

Помислете за колку студенти се готви во менза, па следниот пат кога ќе наидете на јаболко кое е презреано или ИЗГНИЕНО одвнатре, размислете дали е рационално да се очекува да не се случуваат вакви работи.

Исто така сетете се на приказната за сендвичот и бубашвабата кога ќе посакате да влезете во пекарница. Ќе заштедите пари и ќе ја поправите вашата линија.“