Home Вести Македонија (ФОТО) Се појавија првите фотки од нашите ,,медењаци” пред да зачекорат на...

(ФОТО) Се појавија првите фотки од нашите ,,медењаци” пред да зачекорат на црвениот килим

Вечерва нема спиење во Македонија. После полноќ сите ќе бидеме пред ТВ екраните и ќе го очекуваме исходот од 92. издание на доделувањето Оскар, оваа 2020 година.

Денес во текот на целиот ден, гледачите на ABC News, имаат можност да ја следат таканаречената Popcorn специјална програма, посветена на оскарите, во која гостио се познати актери и филмски критичари.

Нашата екипа на чело со харизматичната Атиџе се подготвени да зачекорат на црвениот тепих.

Во меѓувреме, дел од нив веќе ги објавија првите  фотографии:

Тамара Котевска, Атанас Георгиев, Љубомир Стефанов, Атиџе Муратова, Самир Љума, Рена Еид, Благоја Неделковски и Фејми Даут со двојна номинација на Оскарите се подготвени за црвениот килим.

Дел од нив, на социјалните мрежи споделија постови со соодветни статуси за денешниот настан.